Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“

    02.11.2026 во 09:42

    Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“

    02.11.2026 во 09:28

    ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница

    02.11.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“
    • Црногорската Централна банка му ја одзеде лиценцата за работење на „Алта пеј груп“
    • ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница
    • „14 жртви, а виновни нема“ – ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Филипче за трагедијата во Тетово
    • Денеска се празнува Светиот маченик Артемиј
    • Врнежлива недела: „Потоп” во делови од Македонија, ова е состојбата
    • Сиљановска ѝ ја честиташе на Јотова: Очекувам конструктивна улога на Бугарија во регионот
    • Дневен хороскоп: Бикот да покаже подготвеност за компромис, Девицата да не го анализира секој збор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home »  Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

     Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

    24.03.2026 во 17:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев,  денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ

    Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор.

    „Унапредувањето на културните особености на сите заедници што живеат во Македонија е наш приоритет, бидејќи сите заедно придонесуваме кон богатата културна ризница по која нашата земја се издвојува во европскиот културен мозаик“, рече Љутков.

    Тој додаде дека овој меморандум означува нова фаза во културната соработка меѓу Македонија и земјите членки на ТУРКСОЈ, развој на заеднички проекти во областите на културата, уметноста, литературата, сценските уметности, музејската и библиотечната дејност, размена на уметници и ансамбли како и зближување на народите, промоција и зачувување на културното наследство.

    Генералниот секретар, Раев, рече дека потпишаниот Меморандум не претставува само документ за институционална соработка, туку и значаен чекор кон зајакнување на културното зближување меѓу народите, поддршка на зачувувањето на културното наследство и поттикнување на уметничкото творештво.

    Тој додаде дека турската заедница во Македонија, со своето богато историско и културно наследство, е нераскинлив дел од турскиот свет и претставува мост меѓу различните култури.

    Со потпишувањето на Меморандумот, се отвораат нови можности за промоција на богатото културно и уметничко наследство на Македонија во земјите членки на ТУРКСОЈ — Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, како и за унапредување на меѓународната културна соработка и туризмот.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Се санираат улиците во Центар: Нов асфалт на 930 квадратни метри на „Загребска“

    02.11.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите во Брвеница

    02.11.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.