Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историски подвиг во македонското здравство: Извршени 16 трансплантации на рожница со американски експерти

    Историски подвиг во македонското здравство: Извршени 16 трансплантации на рожница со американски експерти

    24.03.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка.

    -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно е што кај 6 пациенти беа применети современи минимално-инванзивни техники, при кои се трансплантира само дел од рожницата со микронска прецизност и без примена на шевови. Овие процедури се реализираат првпат во офталмологијата во нашата земја, истакна министерот Алиу.

    Тој посочи дека пациентите добиваат врвна здравствена услуга по светски стандарди во нашата држава, што претставува показател дека инвестицијата во знаење и меѓународна соработка носи директна корист за граѓаните.

    -Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите граѓани – органодарителството е чин на хуманост кој спасува животи. Без донори, нема трансплантации. Токму затоа, работиме и на законски измени со кои ќе овозможиме секој граѓанин, додека е жив, да може да се изјасни дали сака да биде донор. Нашата цел е таа волја да биде примарна и целосно почитувана, а системот да биде транспарентен и доверлив, додаде Алиу.

    Воедно, тој ги поздрави напорите и ангажманот на одговорните лица за трансплантација, националната координаторка проф. д-р Билјана Кузмановска и нејзината заменичка, д-р Гавриловска, кои заедно со директорката на Клиниката за очни болести, д-р Наташа Шекеринов и експертите од Duke универзитетот од Америка, проф. д-р Вилијамс Лојд и д-р Шина Сонг, со нашите домашни тимови од Клиниката за очни болести воспоставија успешна соработка. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.