Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана

    Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана

    24.03.2026 во 12:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за Независен, предупреди дека намалувањето на ДДВ-то за нафтените деривати не е доволно за справување со енергетската и економската криза, ниту пак ова го решава енергетскиот проблем со која се соочува државата.

    „Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.“, истакна Битиќи.

    Битиќи предупреди дека задоцнетите мерки имаат директна цена за граѓаните:

    „Кога чекате три недели во вакви услови, вие не стоите во место, вие се движите наназад, дозволувате кризата да се прелее. Моменталната позиција на Владата дозволува непречено функционирање на механизам преку кој привремениот шок преминува врз траен удар врз цените. И затоа велам дека задоцнета мерка не е неутрална мерка, таа има цена која денес ја плаќа граѓанинот, а утре ќе ја плати и економијата.“

    Тој нагласи дека карактерот на оваа енергетска и економска криза не се изразува само преку ценовниот шок со кој се соочуваат граѓаните на бензинските пумпи. Станува збор за геополитички шок врз снабдувањето со енергенси, со реален ризик од бран поскапувања преку транспортот, храната, логистиката и услугите.

    „Кога една влада мисли дека со една даночна корекција го решила проблемот, таа или не ја разбира кризата или се обидува да ја смири јавноста со половична мерка“, посочи Битиќи.

    Битиќи потсети на предлог-пакетот на СДСМ, за помош на граѓаните, за кој власта одбива да го прифати a значи реално намалување на цените.

    „СДСМ предложи пакет што вклучува намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на патарините. Тоа е поширок и посериозен одговор од владината мерка, затоа што го гледа кризниот удар како синџир, а не како изолиран проблем на бензинските пумпи.“, рече Битиќи.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.