Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините

    24.03.2026 во 12:04

    (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    24.03.2026 во 11:55

    ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

    24.03.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините
    • (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел
    • ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април
    • (ВИДЕО) Снимка која расплака многумина: Седум кучиња избегале од трговци со месо и пешачеле 17 километри за да се вратат дома
    • Полицијата влезе во Струга, Кичево и Охрид, уапсени 4 лица – Малолетник фатен со оружје
    • Македонија пред туристички бум: Љутков во Анкара договори турски инвестиции во нашата инфраструктура
    • ДУИ: Дали Владата работи во интерес на народот или неколку привилегирани компании?
    • Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините

    Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините

    24.03.2026 во 12:045 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. Поскапени се основните прехранбени производи јајцата, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а знаеме дека кога тие продукти еднаш ќе поскапат назад цените нема да се вратат, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

    „За жал Владата не направи ништо не воведе ниту една мерка да им помогне на овие категории на граѓани. Гледаме како земјите во регионот се справуваат. Потребни се мерки како што ние и нашата влада имплементираше и воведуваше за време на справувањето со кризите, за време на ковид кризата, тогашната енергетска криза, кога почна војната во Украина, поради тоа што само со такви мерки директни кон одредени категории на граѓани посебно најзагрозените тие коишто сега најмногу се жалат што очекувано дека не можат да се прехранат, најсиромашните категории пензионери, социјалните случаи, семејствата со многу деца, најслабо платените работници, мораат да видат да видат некаква помош од државата.

     Еве на пример вчера го слушнавме хрватскиот премиер воведоа конкретни мерки. Освен што се ограничија цените на горивата на бензините, на гасот, одредени категории на граѓани добија помош – земјоделци, социјални случаи, рибари итн, тие на коишто најмногу им е потребно.

     Во нашите влади за време на соочување со кризита беа поделени 2 милијарди евра директна помош кон граѓаните и тоа беа овие најзагрозени категории на граѓани. Дополнително имаше помош за ученици, за студенти, за луѓе со посебни потреби итн.

     Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата. Но не сака да се скрати од сопствените приходи од луксуз.Затоа што кога ќе намалите ДДВ на нешто на што цената веќе основата цена пораснала, вие не го намалувате приходот во буџетот, во најмала рака останува ист, значи има пари за луксузирање на владата а нема директна помош кон граѓаните. Дополнително оваа мерка само со намалувањето на ДДВ-то на горивата никако не ја чувствуваат како бенефит компаниите. Зошто, поради тоа што компаниите имаат поврат на ДДВ-то од горивата. Тоа значи дека тие тие пари колкав и процент да се ќе си ги вратат нив им претставува тежина основната цена на горивата која што зависи од светските берзи. Значи компаниите, меѓу кои транспортните и во другите сфери кои директно учествуваат на модифицирањето и растот на цените на сите други производи, практично немаат никаква помош. И единствено што може да се очекува е да има континуиран раст на цените кои што да ве потсетам уште крајот на минатата година почеток на оваа година, пред почетокот на војната во Иран практично беа во раст. Значи ова е само еден дополнителна причина зошто кај нас цените ќе растат, посочи Филипче.

    Филипче апелира и смета дека владата мора да направи две работи, прво да ги прифати нашите мерки поради тоа што тие се тие мерки коишто реално ќе дадат некаков резултат и цените на горивата ќе се намалат, а ќе се стави на некој начин и пречка во дополнителниот раст на цените на храната. Да се намали освен ДДВ-то на горивата да се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0%, да се намали акцизата за 4 денари. Тогаш ќе има вистинско поевтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните сега не гледаат бенефит од намалувањето на ДДВ-то поради тоа што и покрај намалувањата на ДДВ-то цените пораснаа. Со намалување на акцизата цената на литар гориво ќе се намали. Од тоа директна бенефит ќе имаат и компаниите, нема да влијае тоа во дополнителниот синџир на раст на другите цени на коишто бизнисот влијае поради тоа што се случува со поголема цена на горивата.

    „Понатаму, намалување на цените на патарините. Мора да им се олесни на луѓето во оваа тешка криза. Дополнително како втора работа на сето ова, посебни пакети мерки за посебни категории на граѓани, за социјално загрозените, луѓе се посебни потреби, најсиромашните пензионери, луѓе со ниски примања, семејства со повеќе деца. Се тоа што ние го правевме за време на кризите.

     Лесно е, нека види премиерот во архивите на владата има таму како работеле нашите влади за време на кризите и нека им излезе во пресрет на граѓаните. Се надевам дека ќе си ја надмине суетата и ќе сфати дека ниту има визија, ниту има капацитет да ја води владата. Кога укажавме дека овој буџет којшто го предлага оваа влада ниту е развоен, ниту има капацитет да се справи со евентуална криза. Како да предвидовме дека криза можеби ќе има.

     Дефицитот е веќе пораснат од предвидените 3,5 % е пораснат на 5,1 %, толку од предвидувањата и од менаџирањето на буџетот од премиерот поради тоа што очигледно е дека се нема капацитет оваа држава да се води како што треба“, вели Филипче.

    Популарно

    Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините

    24.03.2026 во 12:04

    (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    24.03.2026 во 11:55

    ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

    24.03.2026 во 11:35

    (ВИДЕО) Снимка која расплака многумина: Седум кучиња избегале од трговци со месо и пешачеле 17 километри за да се вратат дома

    24.03.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.