Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Извршниот одбор на Народната банка (НБ) денеска одржа редовна седница и одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4%. На седницата беа разгледани најновите податоци за светската и домашната економија, како и движењата на финансиските пазари, во контекст на монетарната политика.

    НБ информира дека на аукцијата на благајнички записи на 25 март ќе се понудат 36 милијарди денари, а идните аукции ќе се определуваат според ликвидносната позиција на банкарскиот систем. Досегашните мерки за задолжителна резерва и макропрудентни мерки обезбедуваат дополнителна поддршка за претпазливата политика на централната банка.

    Одлуката за каматната стапка се носи во услови на зголемена светска неизвесност поради воениот конфликт на Блискиот Исток, кој веќе влијае врз цените на енергенсите и снабдувањето со нафта. Во вакви услови, ЕЦБ ја задржа каматната стапка, ревидирајќи ја инфлацијата нагоре, а растот надолу.

    Во домашната економија, инфлацијата продолжува да забавува и во февруари достигна 2,9%, додека базичната компонента на инфлацијата е послаба од очекуваното. Сепак, ризиците се зголемени поради светските настани и можните нарушувања на снабдувањето со енергенти.

    На крајот на февруари 2026 година, девизните резерви изнесуваат 5,558 милиони евра, што обезбедува стабилност на курсот на денарот. Домашната економија се покажа отпорна и забележа раст од 3,5% во 2025 година, со солидни остварувања во извозот и домашните инвестиции.

    Движењата во монетарниот сектор се стабилни: депозитите растат, а кредитната активност се зголемува умерено. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи економската ситуација, надворешните и домашните ризици, и е подготвена да презема мерки за зачувување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

    Прочитај повеќе

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22

    Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции

    07.07.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.