Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

    19 години Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

    24.03.2026 во 08:432 Mins Read
    Универзитет„Гоце Делчев“ – Штип
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со целовечерен концерт на ансамблот „Македонија“, вечерва ќе започне серијата настани по повод одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

    Концертот ќе започне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а пред публиката ќе бидат изведени: „Седнал Марко“ – соборски ора и песни од етничките предели Средорек, Жеглигово и Славиште; „Вено Пиле“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово; „Излегол Селман“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово; „Каршијак“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Скопска Блатија; „Јанино“ – оркестарска изведба; „Малешевска“ – оркестарска изведба; „Чангулово“ – соборско оро од етничкиот предел Малешево; и „Шетнала се Јана“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Пијанец.

    На 26 март, исто така во Мултимедијалниот центар, е закажана Ораторска вечер, а на 27 март ќе се одржи Свечена академија. „Патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип претставува значаен чин за одбележување на вредностите врз кои се темели нашата академска заедница и момент за заедничко чествување на улогата на Универзитетот во унапредувањето на високото образование, науката и општествениот напредок. Вашето присуство на овој свечен настан ќе ни претставува особена чест“, се наведува во поканата од проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

    На 30 март, во Свечената сала во Ректоратот, ќе се одржи промоција на доктори на науки.

    Во најавата се нагласува дека станува збор за низа настани кои го обединуваат академскиот и културниот живот на Универзитетот, со учество на професори, студенти и гости од земјата и странство.

    Прочитај повеќе

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.