Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

    Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

    23.03.2026 во 20:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Турција, Египет и Пакистан во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да го деескалираат конфликтот, објавува американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на неименуван американски извор.

    Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал.

    „Медијацијата е во тек и постигнува напредок… Во тек се разговори за завршување на војната и решавање на сите преостанати прашања. Се надеваме дека наскоро ќе имаме одговори“, рече неименуваниот извор.

    И Си-Ен-Ен денеска објави, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, дека неколку земји во последните денови пренесуваат пораки меѓу САД и Иран во обид да ги намалат растечките тензии околу енергетските централи и електраните.

    Турција и Египет, според тие извори, исто така, пренесувале пораки како дел од тие напори.

    Истовремено, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, доби предупредувања од неколку функционери во регионот дека заканата на Трамп за напад врз иранските електрани може да предизвика силна одмазда, вклучително и напади врз американските сојузници во Персискиот Залив, наведе американската ТВ мрежа.

    Регионалните функционери, исто така, биле во контакт со иранскиот министер Арагчи, додава Си-Ен-Ен.

    И покрај интензивната комуникација, не е јасно колку страните напреднале во разговорите за постигнување „целосно и конечно решение“ за војната, како што рече Трамп денес во објава на неговата мрежа Truth Social.

    Прочитај повеќе

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42

    Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун

    08.07.2026 во 12:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.