Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп

    23.03.2026 во 12:43

    Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“

    23.03.2026 во 12:36

    Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори

    23.03.2026 во 12:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Манасиевски: Дали 1,5 милиони евра од „Рекет“ завршиле во џебот на новиот ПР шеф на СДСМ
    • Подгответе се: Сонцето утре се повлекува, се враќа дождот и снегот
    • Уште една трагедија ја потресе Македонија: Почина 38-годишен маж
    • Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања
    • ДУИ: Албанците се третирани како невидливи во институциите на оваа држава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата

    Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата

    23.03.2026 во 09:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca–Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата  беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca–Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.

    Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на системот, кое го добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти, како и застапеноста на жените на лидерски позиции.

    Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура што ја позиционира компанијата меѓу најуспешните во системот на Coca-Cola HBC и на македонскиот пазар. Особено значајно е што оваа награда традиционално ја освојуваат бизнис-единици кои работат на големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија, што дополнително ја нагласува вредноста на овој извонреден успех на Пивара Скопје и воедно претставува силна потврда за квалитетот на работата на компанијата.

    Ова високо меѓународно признание е резултат на заедничката посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени во Пивара Скопје. Тоа претставува потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја зацврстува нејзината позиција како еден од водечките бизнис енетитети на македонскиот пазар. Истовремено, ова признание e мотив да се продолжи со уште поголема посветеност кон иновации, континуиран одржлив раст и развој и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, велат од Пивара Скопје.

    За Coca-Cola HBC Групацијата

    Coca-Cola HBC е водечка мултинационална групација за производство и дистрибуција на безалкохолни пијалаци и стратешки партнер на The Coca-Cola Company. Групацијата е присутна на 29 пазари и опслужува над 750 милиони потрошувачи. Со едно од најшироките портфолија во индустријата,  кое ги вклучува брендови како Coca-Cola, Fanta, Sprite, Schweppes, Cappy, FuzeTea, Powerade, Vergnano Coffee и многу други, групацијата создава вредност за своите потрошувачи, партнери и заедниците во кои делува. Coca-Cola HBC е препознаена и како глобален лидер во одржливост и ESG практики, со силна посветеност на одговорно работење и долгорочен раст.

    Популарно

    ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп

    23.03.2026 во 12:43

    Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“

    23.03.2026 во 12:36

    Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори

    23.03.2026 во 12:29

    Манасиевски: Дали 1,5 милиони евра од „Рекет“ завршиле во џебот на новиот ПР шеф на СДСМ

    23.03.2026 во 12:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.