Close Menu
Press24
    Најново

    На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат

    11.06.2026 во 23:27

    Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан

    11.06.2026 во 23:12

    Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна

    11.06.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
    • Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
    • Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
    • Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
    • Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
    • ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
    • Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
    • Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    Муцунски во дводневна посета на Брисел – Клучни средби со Марта Кос и европските челници за иднината на македонските евроинтеграции

    22.03.2026 во 22:421 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел.

    Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, г-ѓа Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, г-ѓа Елизабет Вернер.

    За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.

    Во рамки на посетата, министерот Муцунски на 23 март 2026 година ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на Friends of Europe.

    Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес.

    Прочитај повеќе

    Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта

    11.06.2026 во 21:17

    ВМРО-ДПМНЕ: За СДС македонскиот јазик е само политички маркетинг, за нас е државна и национална обврска

    11.06.2026 во 18:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.