Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат

    СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат

    22.03.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три недели Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами и не презеде никакви мерки за високите цени на горивата. Спиралата на раст на цените на прехранбените производи веќе се активираше. Започнати се поскапувањата во маркетите. Маслото за јадење е над 100 денари, јајцата се над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Владата на Мицкоски задоцни. Сите влади во регионот веќе од прв ден преземаа мерки, Црна Гора веднаш ги намали акцизите за 50%, во Албанија акцизата е преполовена, во Босна и Херцеговина и Хрватска има замрзнати цени на горивата. Само владата на Мицкоски не направи ништо.

    Очигледно намерно, за да профитираат бизнисите на ВМРО.

    Се најавува и ново покачување на цените на горивата.  Потоа и да се стабилизираат цените на светските берзи цените во маркетите нема да се намалат.

    Најавеното намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не е доволно и граѓаните нема да ги почувствуваат ефектите.

    Владата мора итно да ги прифати мерките на СДСМ.

    Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

    Овие мерки ќе значат долгорочно и сеопфатно решение, вистински и реално ќе се намалат цените и на горивата и на храната и ќе се заштити стандардот на граѓаните во оваа криза“. велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.