Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ги следеле, тепале и им се заканувале на сопругите: За семејно насилство ќе се гонат шест лица

    Ги следеле, тепале и им се заканувале на сопругите: За семејно насилство ќе се гонат шест лица

    19.03.2026 во 17:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга.

    На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и на нејзиното работно место и дека претходно истиот ден околу 15:00 часот ѝ се заканувал на телефон.

    На 18.03.2026 во 17:30 часот во ОВР Прилеп, 38-годишна жителка на село од општина Долнени пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг физички ја нападнал.

    На 18.03.2026 во 23:25 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ф.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 31-годишна сестра.

    На 19.03.2026 во 02:00 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(22) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 22-годишна сопруга дека на 18.03.2026 околу 21:00 часот во продажен објект ѝ упатувал закани, а притоа со употреба на физичка сила ѝ го одзел мобилниот телефон.

    На 18.03.2026 во 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници  од СВР Скопје го лишија од слобода А.М.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 45-годишна вонбрачна партнерка дека ја присилил да си оди од семејниот дом.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Претходно

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.