Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровски на форум во Трст – Инвестициите во енергетскиот сектор во фокусот

    Димитровски на форум во Трст – Инвестициите во енергетскиот сектор во фокусот

    18.03.2026 во 10:292 Mins Read
    МНР-НТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    За Северна Македонија, земја со ограничени домашни извори на енергија и висока зависност од увоз, енергетската поврзаност и регионалната соработка се клучни предуслови за економска стабилност и долгорочен развој. Во таа насока се и напорите на Владата за зголемување на , истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на панел-дискусијата посветена на енергетиката во рамките на меѓународниот форум „Развој на перспективите на Индо‑Медитеранот преку Коридорот Индија – Блискиот Исток – Европа (IMEC)“ што се одржа во Трст.

    Димитровски нагласи дека функционирањето на овој коридор, особено во услови на тековната криза на Блискиот Исток, е стратешки важно за непречен проток на енергенси меѓу Азија и Европа. Тој потенцира дека развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалните енергетски коридори се клучни за позиционирање на Северна Македонија како значајна транзитна и инвестициска дестинација во регионот.

    Форумот го отвори потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани. На настанот учествуваа претставници на влади, високи функционери и деловни делегации од Европа, Индија, Блискиот Исток, САД и Балканот.

    Покрај панел-дискусијата за енергетика, Димитровски учествуваше и на Конференцијата на Централно-европската иницијатива, со што Северна Македонија ги презентираше своите активности и потенцијали за регионална енергетска соработка и инвестиции.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.