Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Делови од Скопје утре 11 часа ќе немаат струја: Еве кои населби се на списокот за исклучување
    • Мицкоски од Виена: Градиме економија што создава, бараме посилно партнерство со Австрија
    • Прво се заканил по телефон, а потоа ја претепал бившата на паркинг – гостиварчанец заработи кривична
    • Филипче: Без консензус нема укинување на техничката влада
    • Филипче: Власта „шверцерски“ сака да ја промени техничката влада
    • Фрустрации во судницата: Семејствата на жртвите од „Пулс“ разочарани од бавното судење, дел од сведоците не се појавуваат
    • Сообраќајна незгода на патот Струмица-Валандово: Сообраќајот во прекин
    • Тренчевска предупредува: Измените за концесии и минерални суровини по скратена постапка се опасни за здравјето и животната средина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

    Ацо Ристов предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

    17.03.2026 во 15:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.

    Ристов денеска со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.

    Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година, ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш.

    Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот.

    – Кандидатот не ги исполнува условите од огласот. Дипломиран економист не е наведено во огласот, државјанството е старо од 1995 година, што може да се каже дека е неважечко, рече претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски.

    Реагираше пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ која побара одговор од претседателот на Комисијата зошто во јавниот оглас е ограничен критериумот за образованието во однос на член 47 од Законот за енергетика. – РКЕ е значајна институција за енергетскиот сектор и за заштита на јавниот интерес. По член 47 од Законот за енергетика, кандидатот за претседател на РКЕ може да има образование во неколку различни области, но во огласот критериумите се ограничени само во електротехничкиот дел и тоа создава неусогласеност меѓу огласот и законот, рече Пашоли.

    Сајковски појасни дека согласно член 47 од Законот за енергетика, РКЕ ја сочинуваат седум члена од кои еден е претседател, а досегашниот претседател Бислимоски бил магистер по електротехника.

    Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.