Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред.
Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на
Министерството.
Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.
https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-
za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured
За дополнителни информации, доколку е потребно, лицата што се стекнале со право можат да се обратат и на следните телефонски броеви и емаил:
071-391-187
071-391-169
ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk
Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето – Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.
Министерството во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.
Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година, и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамки на овој повик се доделуваат вкупно 4070 ваучери.
Со оваа мерка државата продолжува да ги поддржува ранливите категории граѓани преку
намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.
- Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
- Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
- Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
- Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
- Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
- Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
- Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
- Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина

