Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: ССМ покажа дека е продолжена рака на СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: ССМ покажа дека е продолжена рака на СДС

    13.03.2026 во 09:142 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Документите и доказите што излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ, според ВМРО-ДПМНЕ, упатуваат директно кон СДС. „ССМ го покажа своето вистинско лице – не е независен синдикат, туку продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди дотаму што луѓе од СДС се директно вклучени во организацијата на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС“, се наведува во соопштението на партијата.

    ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги вклучува и логистиката и организацијата на протестите.

    Документите кои пристигнаа до нас се доказ дека одговорен за организирање на луѓе и превоз од Струмица и струмичкиот регион е Бранко Георгиев. Георгиев е поранешен раководител во ЈПКД Комуналец Струмица во време на СДС.

    Превозот, организацијата и кампањата на ССМ е директно поддржана од партиската инфраструктура на СДС. Бранко Георгиев кој е партиски теренец на СДС сега е главен за теренски активности на ССМ.

    Целата партиска логистика на СДС за Струмица и струмичкиот регион сега е ССМ.

    ССМ наместо да биде независна организација што ги штити правата на работниците, се претвори во партиска испостава на СДС.

    ССМ наместо да делува автономно и во интерес на работниците, функционира како продолжена рака на партиските структури на СДС, со активности, организација и логистика кои се совпаѓаат со партиските интереси.

    Синдикатите треба да бидат глас на работниците, а не инструмент на политички партии. ССМ како синдикална организација е ставена во служба на партиска агенда на СДС, и со тоа ја губи својата основна улога и довербата на членството.

    Пред очите на целокупната јавност ќе бидат објавени сите лица од СДС кои го имаат превземано ССМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.