Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

    ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

    12.03.2026 во 20:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на Пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации.

    На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движење ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето.

    Акцискиот план предвидува отпочнување на низа конкретни активности насочени кон изградба на силна и модерна политичка организација, меѓу кои:

    • формирање на Клуб на млади и Клуб на жени

    • воспоставување на Внатрепартиска академија

    – Институт за едукациј

    а • избор на регионални координатори и нивни заменици

    • формирање на работни тела и комисии за креирање политики • регионални средби и посета на сите 53 општински организации • избори и формирање на нови општински организации • организирање трибини и панел-дискусии низ целата држава

    • како и избор на меѓународен секретар.

    Централниот одбор донесе и одлука во текот на второто тромесечие од годината, во пресрет на две години од формирањето на Владата, Движењето ЗНАМ да започне широка политичка и теренска кампања низ целата држава, под слоганот] „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

    Преку јавни трибини, средби со граѓани, посети на општини и работилници, функционерите на ЗНАМ ќе ги презентираат конкретните резултати, реформи и политики реализирани во рамки на две годишното делување во Владата, испраќајќи порака дека политиката се мери со дела, резултати и одговорност пред граѓаните.

    Движењето останува доследно на својата мисија да изгради силна, правна и стабилна Македонија, во која институциите работат во интерес на граѓаните, а државата со достоинство и јасен национален интерес чекори кон својата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.