Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, велат од УХМР.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб променлив ветер.
Од сабота следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а претежно во попладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура од вторник ќе биде во опаѓање.

