Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Им рекол „немам што да пријавам” – Македонската Царина со богата заплена

    ФОТО: Им рекол „немам што да пријавам” – Македонската Царина со богата заплена

    12.03.2026 во 10:361 Min Read
    Царина
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Царински службеници на Граничниот премин „Блаце“ спречиле обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари, наменет за продажба на македонскиот пазар.

    Од Царинската управа информираат дека против сторителот е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречена нелегална трговија со акцизна стока, при што избегнатите давачки изнесуваат 744 илјади денари, од кои 342 илјади се акциза.

    Како што наведуваат од Царината, сторителот Ф.Б., државјанин на Македонија, набавил 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина. Делот од тутунот го сокрил во багажникот, во просторот наменет за резервна гума, а останатите пакувања ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашањето дали има нешто за пријавување, лицето одговорило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, царинските службеници извршиле детална контрола и пронашле непријавените тутунски производи.

    Од почетокот на годината, Царинската управа потсетува дека се откриени четири слични случаи на криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени кривични пријави до надлежното обвинителство.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.