Close Menu
Press24
    Најново

    Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле

    11.03.2026 во 23:44

    Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација

    11.03.2026 во 23:22

    Георгина се спакува и го напушти семејниот дом

    11.03.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле
    • Андоновски: Македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација
    • Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
    • Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
    • ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
    • ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
    • Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
    • Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:243 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Демократската унија за интеграција остро реагира на скандалозните и неприфатливи изјави на претседателот на Уставен суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски. Со неговите денешни ставови и со серија одлуки во текот на изминатите две години, тој покажа дека оваа институција е претворена во политичка алатка за поткопување на секое достигнување што произлегува од Охридскиот мировен договор, велат од ДУИ вечерва во писмено соопштение испратено до медиумите.

    Неговите изјави во врска со проектот „Safe City“, според кои СМС-пораките треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански јазик, претставуваат отворен акт на дискриминација и сериозно кршење на духот и на самиот Устав на државата. Со оваа постапка, претседателот на Уставниот суд не само што ги надминува своите надлежности, туку брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата.

    Уште еднаш се потврди дека албанските судии и турскиот судија во овој суд беа надгласани, враќајќи практики што на јавноста ѝ ги потсетуваат најмрачните времиња од деведесеттите години.

    ДУИ бара итна оставка од Дарко Костадиновски и од секој судија кој ги дели истите дискриминаторски ставови во изминатите две години преку мајоризација. Во спротивно, од денес па натаму тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи. Ние ќе дејствуваме и ќе бараме одговорност за овие ставови, кои не се ниту случајни ниту од денес, туку се градени систематски во текот на последните две години.

    Неговото однесување претставува класичен пример на партиски војник кој е подготвен да запали цела држава за тесни лични интереси.

    Затоа јавно прашуваме:

    Дали вреди да се запали државата само за вашата сопруга да биде унапредена од Основен суд во Апелационен суд?

    Дали вреди да се рушат државата и Уставот само за, по завршувањето на вашиот мандат, да најдете академско засолниште како професор на Универзитет Гоце Делчев, додека на Универзитетот во Скопје ви се затворени вратите?

    Дали спиете мирно со сите овие прекршувања што произлегуваат од злоупотребата на вашата службена позиција?

    Запомнете, Костадиновски: за овие постапки ќе одговарате – порано или подоцна, но ќе одговарате.

    Коодговорна за овие антиуставни и незаконски постапки на Костадиновски и на самиот Уставен суд е и ВРЕДИ, кои се без сила и без глас. Од одговорност нема да можете да избегате.

    ДУИ останува цврсто определена во одбрана на уставниот поредок, еднаквоста и духот на соживот во државата. Секој обид за нарушување на овие принципи ќе добие соодветен политички и демократски одговор, стои во реакцијата на ДУИ.

    ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра

    Популарно

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот – за неколку дена почнува летното сметање на времето

    11.03.2026 во 12:07

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.