Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски лаже – Марта Кос потврди сè што говори СДСМ

    СДСМ: Мицкоски лаже – Марта Кос потврди сè што говори СДСМ

    11.03.2026 во 19:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Затворањето на постмониторингот не е успех на Мицкоски ниту на неговата анти ЕУ кампања, тоа е уште една нивна лага како и сè друго.  Тој чекор за преминување на нормално известување е врз основа на реформите започнати во претходниот период од страна на СДСМ. Како што е успех и членството на НАТО, реагираат од СДСМ.

    Да не бил периодот на владата на СДСМ, а да останеле на власт Никола Груевски и ВМРО сигурно  ќе имавме уште 25 години поради кршење на демократските стандарди, корупција и притисок врз институциите.

    Исто како што денеска нема никаков напредок. А што воопшто може да се извести? Дека ВМРО е тројански коњ.

    Нема подобар доказ дека Европа не ја сакаат.

    Денеска Марта Кос, еврокомесарката за проширување, предупреди за „токсичните влијанија на Русија и други“ и упати јасна порака во името на ЕУ.

    Нема место за тројански коњи, како што Македонија има со ВМРО, со нивните проруски вицепремиери, сестринската партија СНС и кинеските пари.

    Се потврдува тоа што го говори СДСМ цело време.

    Граѓаните на Македонија, од кои повеќе од 70% се за ЕУ, сега им е јасно по сите овие докази дека Македонија поради Мицкоски и ВМРО-ОКГ, поради нивниот криминал и корупција, не оди кон ЕУ туку кон изолација.

    ЕУ и известувачот за нашата земја во Европскиот парламент,  Томас Вајц се јасни: Реформи во правосудството, малцинствата во Уставот, слобода на говор, слобода на медиумите.

    Но, Мицкоски не сака во ЕУ. Затоа намерно измислува конфликти со соседите, со Бугари и Гриција.

    Сè кај Мицкоски е лага. Дури и неговата измислена приказна за „влез во ЕУ без право на глас“.

    Толку деманти од ЕУ нема добиено ниту една држава досега.

    Како што лажеше дека ќе го врати името, така лаже и сега., велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.