Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници“

    Трајановски: Наместо повисоки плати за домашните работници, власта отвора врата за странски  „економски работници“

    09.03.2026 во 22:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју во емисијата „360 Степени“ нагласи дека намерата на власта за носење мигранти  или т.н. „економски работници“ во земјата е разобличена и со законските измени за олеснување на вработувањето на странски работници, што како што посочи, е всушност прикривање на влезот на мигранти во земјата.

    „Се води кон тоа. Дали ќе ги крстиме економски работници или мигранти, се води кон тоа. Пак ќе бидат одбиени луѓе од Обединетото Кралство, кои тука ќе ја земат работоспособноста на нашите работници. И од таму е тоа стопирање за покачување на минималната плата за нашите работници“, изјави Трајановски.
    Тој додаде дека веќе има примери каде домашни работници се отпуштаат, а за сметка на тоа се задржуваат странските работници.
    „Законот во Собрание  се донесе за олеснување на економските работници за 2026 година. Бехтел и ЕНКА отпушта наши работници, а странските работници ги задржуваат. Дали се тоа мигранти или ќе ги прошверцува Владата како економски работници, тоа за мене е исто“, истакна Трајановски.
    Во интервјуто, Трајановски посочи дека темата за мигрантите не ја отвори СДСМ, туку реномирани британски медиуми, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ до ден-денес не покажа транспарентност кон јавноста и избегнува да даде јасни одговори пред граѓаните дали се водат преговори за прифаќање мигранти во државата.
    „Темата за мигрантите не ја отвори СДСМ, ја отворија реномирани медиуми во Лондон, кои ја отворија темата и дека се отвора таа тема, пари за мигранти. Ние само баравме одговор од власта да каже што се случува, дали навистина има таков договор“, рече Трајановски.


    Тој додаде дека наместо одговори, власта реагираше со панични потези за да се избегне дебата за ова прашање.
    „Што добивме ние? Декрет за забрана во Собранието да се зборува на таа тема, кој беше панично донесен со цел да не се навлегува воопшто во таа тема. Иако ние поднесовме и резолуција со цел да се стави крај на оваа тема, да нема никакви шпекулации, ниту во еден момент владејачката партија не демантираше“, истакна Трајановски.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.