Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски до Филипче: Твоите денешни мерки ние ги предложивме уште во 2022 година, тогаш ти одбиваше да ги слушнеш

    Петрушевски до Филипче: Твоите денешни мерки ние ги предложивме уште во 2022 година, тогаш ти одбиваше да ги слушнеш

    09.03.2026 во 19:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне, пишува на ФБ Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

    Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).

    Тогаш, истата таа влада на СДС планираше и нова „еколошка” такса со која цената на горивата дополнително ќе се зголемеа. За среќа, како опозиција тогаш успеавме да го блокираме тој закон.

    Врвот на лицемерието на Филипче и СДС е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување.

    За разлика од неодговорната опозиција која се обидува да сее страв и паника, денес имаме одговорна влада која работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот, со што ќе се амортизира ценовниот шок, и покрај реалноста дека глобалните движења на цените создаваат притисок за поскапување, стои во реакцијата на Петрушевски.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.