Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во Треблинка на комеморација за 7.144 македонски Евреи

    Сиљановска-Давкова во Треблинка на комеморација за 7.144 македонски Евреи

    09.03.2026 во 16:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“.

    Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани во нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“ во март 1943 година.

    Во македонската делегација што ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова се: амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, претставници од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и претставници од Еврејската заедница.

    За време на посетата на Полска, претседателката во Варшава ќе положи венец пред споменикот посветен на жртвите на Варшавското гето и ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

    Сиљановска-Давкова е прв македонски Претседател којшто ќе го посети Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ по повод одбележувањето на Денот на депортацијата на македонските Евреи.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.