ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот на улица „Рудничка“ во Кичево при предавање на пакување со кокаин на друго лице од Кичево, кое е пронајдено и одземено.

