Close Menu
Press24
    Најново

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

    Филипче: СДСМ го откажува маршот во Богданци, на 8 Март се приклучуваме на граѓанскиот протестот „Нема да нè снема“ во Скопје

    07.03.2026 во 15:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дозволете да ги известам граѓаните и јавноста, дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го откажува традиционалниот марш за 8 Март, кој што требаше утре да се одржи во Богданци и се приклучуваме на протестот „Нема да не снема“ – СДСМ ќе биде со граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Венко Филипче.

    И оваа година како и секоја од изминатите требаше да го одбележиме 8 Март со традиционалниот марш, да славиме за достигнувањата на жените, но и гласно да бараме подобрување на нивната положба во општеството. Но трагичниот настан којшто се случи во Скопје, смртта на мајката и детето не остави длабоко потресени.

    И ова не е само индивидуална трагедија ова е уште еден трагичен доказ за системскиот проблем со насилство врз жените, за неадекватната заштита, за неадекватната реакција на институциите, едноставно неуспехот на институциите да се справат со овој проблем. И оттука е нашата одлука, традиционалниот марш ко јшто требаше да се одржи утре во Богданци се откажува и наместо тоа утре ќе бидеме присутни на протестниот марш кој што го организираат граѓанските организации, поединци активисти, иницијативи и платформи за родова еднаквост и тука ќе бидеме присутни како граѓани.

    Ќе бидеме заедно со граѓаните за да кажеме дека е доста од мртви жени и деца поради не реагирање на институциите, дека институциите мора итно да реагираат на секоја пријава, дека мора да постои вистинска заштита, брзи мерки и казнување на насилниците.

    Сакам да потенцирам, дека не сме дел од организаторите на утрешниот протестен марш, тоа е автентична организација на еден дел од граѓанските организации, ние членовите и симпатизерите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се приклучуваме како граѓани, изјави Филипче.

    Емирејтс објави прекин на летовите од и кон Дубаи, па повторно ги воспостави

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.