Close Menu
Press24
    Најново

    Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот

    11.06.2026 во 07:54

    Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница

    11.06.2026 во 07:53

    Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии

    11.06.2026 во 07:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот
    • Четири точки на дневен ред – ДКСК денеска ќе ја одржи 33-та седница
    • Од правосудство до енергетика: Во Собранието денеска седници на седум комисии
    • Сонце и многу топло, па голем пресврт – УХМР најавува обилни врнежи, град и грмежи
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова најави протестен марш: Бара оставка од министерот Тошковски

    Шукова најави протестен марш: Бара оставка од министерот Тошковски

    07.03.2026 во 11:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок но и бес. Во последната трагедијата во Карпош, згаснаа животи на мајка и малолетна ќерка. МВР на Панче Тошковски  не ги заштити. 2 пријави имало за две години, за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана. Колку жени пријавуваат семејно насилство а нема соодветна и навремена реакција?, праша на денешната прес-конференција Каја Шукова од СДСМ.


    Сериски насилник во Велес одзеде два животи, на младата Росица и на нејзиниот татко. МВР на Тошковски потфрли.
    6 месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.
    Во Кумановско Старо Нагоричане сериски убиец. 5 жени се жртви.  Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР.
    Во трагедијата во Кочани згаснаа 64 жртви.  Тошковски ги штитеше неговите началници.


    Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24/7. Ги повикува институциите а тој води институција


    Сè е пропаганда, никаде нема одговорност.


    Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи.


    Утре, на Денот на жената, е денот да се дигне гласот на жените.


    Форумот на жени на СДСМ организира протестен марш во Богданци со почеток во 12.00 часот.


    Но, целосно го поддржуваме и граѓанскиот марш во Скопје.


    Ги повикуваме сите да се приклучат.


    Од Скопје, до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас.


    За сите обесправени, за сите понижени жени, за сите жртви, за сите изневерени од системот, од државата, од власта.


    Да се крене гласот и да се каже доста е!


    Да испратиме порака.


    Нема да молчиме!


    Има да нè има!


    Рацете ви се крвави., кажа на денешната прес-конференција Шукова.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20

    Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

    10.06.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.