Close Menu
Press24
    Најново

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32

    МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства

    10.06.2026 во 12:26

    Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите

    10.06.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони
    • МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рализирани 92% од вкупните средства
    • Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите
    • Мицкоски: По 14 пропаднати тендери, државата сама ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“ со 1,5 милијарди евра
    • Хорор во Тетово: Мајка среде улица крвнички си го тепала 3-годишното дете, па го оставила и си заминала
    • Лефков: Филипче е специјален бугарски пратеник, подготвен е веднаш да прифати уставни измени под диктат
    • Пеколни температури рано наутро во Македонија – еве во кои градови веќе не се диши
    • Двајца скопјани украле „Голф“, полицијата ги уапси на граница при влез во државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Брзи законски измени за поефикасна заштита на жртвите на семејно насилство

    Тошковски: Брзи законски измени за поефикасна заштита на жртвите на семејно насилство

    06.03.2026 во 16:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На иницијатива на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се одржа тркалезна маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“. На настанот учествуваа претставници на институции од судската, обвинителската и безбедносната сфера, експерти, како и претставници на граѓански организации и невладиниот сектор.

    Министерот Тошковски нагласи дека семејното и родово базираното насилство е проблем кој постои со години и за кој мора да се зборува отворено, со цел заеднички – институциите, граѓаните и целото општество – да се фокусираат на изнаоѓање ефикасни решенија.

    „Првата тема што сакам да ја отворам денеска, по препорака на експертите, е како институциите да реагираат што е можно побрзо во ситуации на семејно насилство, со цел конкретниот насилник – без оглед на сопственоста на домот – веднаш да биде изолиран и отстранет од средината, а семејството, особено децата, да биде заштитено, за да се спречат дополнителни штетни последици“, потенцираше министерот Тошковски.

    Тој истакна дека секој граѓанин кој ќе забележи потенцијално семејно насилство треба веднаш да ја информира полицијата, нагласувајќи дека полициските службеници ќе продолжат да постапуваат со максимална посветеност во спречувањето на сите форми на насилство, особено кога станува збор за заштита на малолетни лица.

    По дискусијата и изнесените ставови, министерот Тошковски ги сумираше клучните заклучоци од тркалезната маса, нагласувајќи дека веќе следната недела ќе се состане Националното координативно тело составено од претставници на релевантните институции и невладиниот сектор, со цел да се дефинираат брзи законски измени.

    „Ќе работиме на измени на повеќе закони кои ќе овозможат поефикасно институционално постапување и побрза заштита на жртвите, меѓу кои Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Законот за полиција и Законот за бесплатна правна помош. Дополнително, од понеделник Граѓанскиот суд ќе воведе 24-часовно дежурство за побрзо изрекување мерки за заштита на жртвите. Планирано е и потпишување меморандуми за соработка со невладиниот сектор, како и донесување правилник за континуирана едукација на вработените во институциите кои постапуваат по случаи на родово базирано и семејно насилство“, изјави Тошковски.

    Министерот изрази очекување дека овие процеси ќе се реализираат во најкраток можен рок и ќе придонесат за значително поефикасна и посистемска заштита на жртвите од семејно и родово базирано насилство.

    Прочитај повеќе

    Почна невремето во Македонија – грмежи и пороен дожд во овие региони

    10.06.2026 во 12:32

    Метео аларм: Доаѓа силно невреме со пороен дожд и град, од петок драстичен пад на температурите

    10.06.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.