Close Menu
Press24
    Најново

    Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик

    11.06.2026 во 09:03

    Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители

    11.06.2026 во 09:01

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дневен хороскоп: Лавот под притисок во кариерата, Шкорпијата пред љубовен предизвик
    • Одлуки за кадровски промени на седницата на Советот на јавните обвинители
    • СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци
    • Собранието со обемна агенда: Именувања, закони и измени
    • Николоски: Железницата Бељаковце-Крива Паланка инженерско чудо, Македонија може да реализира големи проекти
    • Реконструирана спортската сала „Расадник“ – Мицкоски на свеченото отварање
    • Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен
    • Топло од рано наутро низ Македонија – Од попладне целосна промена
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот мотор на Македонија не застанува

    ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот мотор на Македонија не застанува

    06.03.2026 во 09:392 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Интензивната работа и засиленото темпо во реализацијата на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, веќе дава резултати. По периодот на стабилизација, македонската економија, која претходно беше во слободен пад, сега почна нов период на раст.

    Според податоците, економијата бележи стабилни стапки на раст на БДП од просечно 3,5% во последните шест квартали. Најголем придонес за овој раст има градежниот сектор, кој во последниот квартал од 2025 година забележа раст од импресивни 14,6%. Градежништвото е сектор со највисока стапка на раст меѓу сите економски гранки, што укажува дека инвестициите и инфраструктурните проекти се вистински двигатели на економската активност.

    Градежништвото има силен мултипликативен ефект – кога се отвораат нови градилишта и инфраструктурни проекти, тоа вклучува подизведувачи, надзорни и проектантски куќи, како и добавувачи на материјали. Поради тоа растот во градежниот сектор повлекува и други економски гранки: транспорт, производство на материјали, трговија, услуги, а со тоа се зголемува и вработеноста.

    Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеци од 2026 година, реализацијата на капиталните инвестиции бележи троцифрен раст, што претставува значително зголемување во однос на истиот период лани. По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025 година, во почетокот на 2026 година е забележан скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го гледа градежниот сектор како клучен мотор за економијата и активно работи на тоа овој тренд да продолжи и дополнително да се засилува. Засилената економска активност значи повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе работа за компаниите и нови можности за вработување.

    Целта на владата е економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност, со фокус на долгорочна корист за граѓаните и домашното стопанство.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски го спаси својот министер и застана против македонските земјоделци

    11.06.2026 во 08:52

    Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат

    10.06.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.