Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ

    Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија – резултат на политиките на СДСМ

    05.03.2026 во 22:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
    Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е најсилниот штит за државата.

    „Конечно е јасно во ситуација кога има кризи на повеќе места во светот што значеле државничките и визионерски би рекол политики на СДСМ во минатото. Кога сме дале политичка жртва по цена на сопствениот политички рејтинг да се донесат тешки одлуки, но сме станале земја членка на НАТО. Дел сме од најсилниот одбранбен сојуз во светот“, рече Филипче.
    Тој додаде дека актуелните глобални безбедносни предизвици уште повеќе ја нагласуваат важноста од членството во НАТО и одговорните политики што ги носеше СДСМ, а кои гарантираат безбедност на државата.


    „Еве денеска кога летаат ракети и над Турција и кога Турција со своето одбранбен систем како земја членка на НАТО тие ракети ги приземјува, а ракетите може да се заменети и кон европска земја на пример Кипар, нашите граѓани треба да бидат свесни и да знаат дека СДСМ  секогаш во својата историја наназад 3 децении се грижи пред се за иднината, сигурноста на граѓаните и на земјата“, нагласи Филипче.


    Во интервјуто, Филипче нагласи граѓаните треба внимателно да ги следат и оценуваат политичките ставови и кредибилитетот на политичарите, потсетувајќи на несполнетите ветувања на премиерот Мицкоски меѓу кои за поништување на Преспанскиот договор, за враќање на името на државата.
    „Што значи тоа, прво дека не може да му се верува односно дека и тогаш не ја кажувал вистината, граѓаните мораат знаат што е аргументирано издржано а што не е и затоа сакам да ги потсетам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата со ЗНАМ дојдоа на власт една лажна националистичка кампања и реторика“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.