Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”

    Придружниот вокал на „ДНК” раскажа за хоророт – Со сослушување сведоци продолжува судењето за „Пулс”

    05.03.2026 во 08:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

    На претходното рочиште пред Судот сведочеа членови на бендот ДНК и гости кои ја преживеале трагедијата, опишувајќи ги случувањата од ноќта на 16 март минатата година, кога во пожарот животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

    Во својство на сведок исказ даде придружниот вокал Ана Костадиновска. Одговарајќи на повеќекратни прашања од Обвинителството и од одбраната за тоа кој ги поставувал и активирал прскалките, таа изјави дека не знае и дека никогаш не видела кој ги местел во клубовите каде што настапувала групата ДНК, додавајќи дека е можно тоа да било задача на техничко лице од клубот.

    Говорејќи за моментот кога избувнал пожарот, Костадиновска посочи дека кратко по почетокот на настапот почувствувала силна топлина, по што вокалот Панчо ги повикал присутните да излезат, но, како што рече, во првите моменти никој не ја сфатил сериозно ситуацијата.

    Музичарот Горан Тонев, кој настапувал како надворешен соработник со бендот, изјави дека пиротехничките средства биле поставени уште пред да се качат на бината, но дека не знае кој ги поставил ниту кој ги активирал. Тој опиша дека огнот брзо се проширил, а просторот се исполнил со густ чад.

    Според сведочењата на двајца преживеани гости, по активирањето на прскалките се запалил дел од таванот, што предизвикало паника и стампедо кон излезите.

    Судскиот процес се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, семејствата на жртвите и јавноста. Постапка се води против повеќе од 30 физички и три правни лица за тешки дела против општата сигурност.

    Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, додека Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Пожарот во дискотеката во Кочани избувна за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци предложени од Обвинителството.

    Top News
    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.