Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Вучиќ заминува: Ја почна последната недела како Претседател на Србија
    • Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно
    • Есента полека доаѓа: Од среда 4 степени наутро – неделна временска прогноза
    • Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Лефков: Врските на Заев и Филипче со Путин, потврдува и со Борче Марковски

    (ВИДЕО) Лефков: Врските на Заев и Филипче со Путин, потврдува и со Борче Марковски

    04.03.2026 во 12:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Врските на Заев и Филипче со руската политика на Владимир Путин, се потврдува и со нивната блискост со почесниот конзул на Белорусија и близок соработник на Лукашенко, Борче Марковски. Покрај доделувањето на државјанството на рускиот олигарх и осуден криминалец, Онишченко, СДС, Заев и Филипче се поврзани и со Борче Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

    Фирмата на Борче Марковски, „Марковски компани’’ е фирма која во периодот од 2019 година па се до 2023 година има добиено најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки. Од овие 77, 66 биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.

    Не само што добивал Марковски тендери од ЕСМ, во времето на Заев и Филипче, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него, биле на кланот Заеви или пак на лица кои важат за блиски до нив.

    Очигледно е дека СДС, Заев и Филипче имале добри контакти за соработка со лица блиски до Путин и Лукашенко, како што се Марковски и Онишченко.

    Сличноста на сите овие лица е тоа што за сите има основани сомненија дека се дел од различни коруптивни шеми.

    ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на националните и стратешките интереси, и жестоко се спротивставува на руската политика промовирана од СДС на Заев и Филипче, изјави Лефков.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.