Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Падна дилер од Кавадарци – пронајдени марихуана и бела грутчеста материја

    28.02.2026 во 13:32

    Драма на автопатот Тетово – Скопје, осумдесетгодишник со „хјундаи“ возел во спротивна насока

    28.02.2026 во 13:20

    Уставниот суд започнува со најголемата реформа: Седниците ќе се пренесуваат во живо

    28.02.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Падна дилер од Кавадарци – пронајдени марихуана и бела грутчеста материја
    • Драма на автопатот Тетово – Скопје, осумдесетгодишник со „хјундаи“ возел во спротивна насока
    • Уставниот суд започнува со најголемата реформа: Седниците ќе се пренесуваат во живо
    • Петрушевски: СДС е во паника од можните искази на Груби
    • Иран ги нападна американските бази во четири држави
    • Фрчкоски: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси
    • Алиу: Министерството нема да дозволи ниту еден од пациентите со ретки болести да чека ниту ден за овие лекарства
    • Иран остана без интернет: Воените операции ги „исклучија“ мрежите и мобилните сигнали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени

    ВМРО-ДПМНЕ: Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени

    28.02.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување.

    Дали стравот од можните искази на Груби и информации што би можеле да излезат на виделина е причината за паниката во редовите на СДС? Дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност?

    СДС неколку дена се расфрлаа со десетици различни тези во јавноста за случајот со Груби и со сите сили се обидоа да го заштитат Груби, дури повеќе од што го штитат и Заев и Филипче а потоа на собраниска седница молк по однос на тоа прашање.

    Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

    Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени?

    Наместо молк и политички калкулации потребни се транспарентност и одговорност. Секој кој сторил криминал мора да одговара. Владеење на правото и правдата мора да има а институциите да профункционираат“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите

    27.02.2026 во 22:34

    (ВИДЕО) Иран го нападна Израел – Силни експлозии одекнуваат над Ерусалим и северниот дел

    28.02.2026 во 11:19

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.