Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер на која разговараа за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа.
„Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдивме заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот.
Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности“, посочи Мицкоски.

