Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД
    • Нов топол бран: Западна и југозападна Европа повторно пред екстремни температури
    • Гаши оствари средба со европратениците: Транспарентноста на Собранието и евроинтеграциите во фокус
    • Подгответе се: УХМР најавува постудено време и обилни врнежи од дожд
    • Повеќе скопски општини утре ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Кражба во Скопје: Германец ограбен на кејот на Вардар, му одзеле ранец со лаптоп и телефон
    • Тешко повредена млада скопјанка – ја удрила жена со тротинет и избегала
    • Тетово: Жена тешко повредена -паднала додека бегала од глутница кучиња
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан

    Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан

    26.02.2026 во 19:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Роаминг како дома, во која било европска држава. Првиот човек на дигитална трансформација ја поздрави одлуката на Европската Комисија за отпочнување на преговорите за укинување роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан, вклучително и Македонија. 

    „Се отпочна јасен процес со јасна динамика и став на ЕУ за сите земји од ЗБ дека процесот за преговори е отворен, што значи дека можноста за пристапување на „Роаминг како дома“ имаат сите држави од Западен Балкан. Ова практично дава одговор на сите оние дилеми дека на некои од државите ќе им биде овозможена оваа погодност, на други не“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. 

    Што ќе значи ова за граѓаните? Кога ќе биде комплетирана целата процедура, вклучувајќи ја и промената на домашната легислативата, пакетите коишто ги плаќаат граѓаните кон домашните оператори за интернет, телефонија и СМС пораки ќе важат каде било во Европската Унија. Андоновски не сакаше да прецизира со конкретни рокови за кога „Роаминг како дома“ ќе почне да се применува во Македонија, но очекува процесот да биде заокружен оваа година.

    „Нема да имаат дополнителни трошоци за повици, за пораки или за користење интернет. Нешто што граѓаните го користат од друга регионална иницијатива а тоа е роамингот за Западен Балкан. Значи дека исто како што патуваме сега во Србија, Црна Гора, БиХ, Косово, Албанија и не плаќаме за дополнителни пораки и повици и интернет, исто така нема да плаќаме и за целата ЕУ“, додаде министерот Андоновски.

    Еврокомесарката Марта Кос кажа дека тошоците за роаминг се проблем за луѓето ширум Западен Балкан и затоа оваа иницијатива би значело олеснување на секојдневието.

    „Тие ги погодуваат работниците кои ги преминуваат границите или семејствата кои едноставно сакаат да останат во контакт. Неочекуваните сметки или високите трошоци при патување се нешто што веќе не го познаваме во рамките на ЕУ. Предложивме ова да се прошири и на Западен Балкан. Тоа би значело полесни повици и мобилен интернет по домашни цени“, истакнала еврокомесарката на вчерашниот состанок на ЕК.

    Откако Комисијата го усвои предлогот за преговарачките мандати, сега на потег е Советот на Европската Унија. Неговите претставници треба да дадат зелено светло за Комисијата да отпочне билатерални преговори со секоја држава од Западен Балкан поединечно. Доколку бидат успешно случени, овие договори ќе го отворат патот за ЗБ да стане дел од зоната на ЕУ, „Роаминг како дома“. 

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Приватна компанија плаќа лобирање за премиерот, нема одговор за документите од САД

    24.09.2026 во 16:55

    Гаши оствари средба со европратениците: Транспарентноста на Собранието и евроинтеграциите во фокус

    24.09.2026 во 16:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.