Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд

    Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд

    26.02.2026 во 12:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека по пуштањето во употреба на системот „Safe City“ и по издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци, граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд.

    „Па така, во текот на првиот месец од примената на системот, односно во месец февруари, до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори (барања за поведување прекршочна постапка пред суд), од кои 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица, по кои постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд.

    Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно одредбите Законот за прекршоци, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

    Па заради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Safe City“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор. Со цел запознавање на јавноста за најчесто евидентираните прекршоци, информираме дека најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со не регистрирано возило. Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица – лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но истите не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози.

    Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи ја важноста и јавниот интерес за воведувањето на новиот систем за безбедност во сообраќајот, ќе продолжи да постапува по сите предмети во законски утврдените рокови и навремено и транспарентно да ја информира јавноста за понатамошниот тек на постапките, но и за сите предизвици и обврски кои граѓаните се должни да ги преземат“, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје до јавноста за судските постапки поврзани со системот „Safe City“ .

    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.