Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Некои од децата имале само 4 години – Падна криминална група во регионот за сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb

    Некои од децата имале само 4 години – Падна криминална група во регионот за сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb

    26.02.2026 во 11:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Српската полиција, во рамки на продолжението на обемната операција „Армагедон“, уапси седум лица под сомнение за производство и поседување детска порнографија. Уапсените се на возраст од 24 до 72 години од Белград, Сомбор, Ниш и Нови Сад.

    Осомничените се товарат дека подолг временски период преку т.н. „DarkWeb“ преземале, складирале и споделувале материјали со содржина од сексуална експлоатација на деца. При претрес во нивните домови, пронајдени се неколку гигабајти фотографии и видеа на кои е прикажана тешка злоупотреба на деца на возраст од 4 до 14 години.

    „Операцијата ‘Армагедон’ испраќа јасна порака дека Министерството за внатрешни работи нема да толерира никаква форма на злоупотреба на деца и дека дигиталниот простор не е анонимно засолниште за сторители на вакви кривични дела“, соопштија од српското МВР.

    На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство во Белград.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија

    18.09.2026 во 23:59

    Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград

    18.09.2026 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.