Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Паднатите дрва од невремето се претворија во нешто корисно – Водно доби нов моторички парк
    • Одлични вести за возачите: Цената на нафтата паѓа трет ден по ред
    • Прскање против комарци во пет општини во Југоисточниот регион: Еве кога ќе се спроведува дезинсекцијата
    • Позната причината за смртта на легендарната икона Доли Партон
    • ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир
    • Страшно злосторство во САД: Осумчлено семејство убиено за време на вечера
    • ДУИ: Јавен тендер во „Бардовци“ завршил кај роднина на директорот
    • Вештачка интелигенција за попрецизни економски прогнози: Народната банка со свои истражувања во Базел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: Кој од ДУИ му се заканува на Груби? – Паника да не прозбори „сенката на Ахмети”

    ВРЕДИ: Кој од ДУИ му се заканува на Груби? – Паника да не прозбори „сенката на Ахмети”

    26.02.2026 во 10:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

    -Вистина е дека Артан Груби не е „обичен“ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот. Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари, велат од партијата.

    Прашуваат дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите?

    Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Паднатите дрва од невремето се претворија во нешто корисно – Водно доби нов моторички парк

    26.08.2026 во 10:37

    Прскање против комарци во пет општини во Југоисточниот регион: Еве кога ќе се спроведува дезинсекцијата

    26.08.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.