Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт со години молчеа за милионскиот криминал на Груби

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт со години молчеа за милионскиот криминал на Груби

    26.02.2026 во 09:42Updated:26.02.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа милионскиот криминал на Груби се со цел да останат ден повеќе на власт и да не им се растури коалицијата со ДУИ, се наведува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Милионски криминали и злоупотреби се случувале во Државна лотарија под покровителство на СДС и ДУИ. По апсењето на Артан Груби, СДС се во целосна конфузија и нервоза пoради стравот од сведочењето на Груби и евентуалните искази што би можело да допрат и до поранешни високи функционери на СДС.

    Изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, дека одлуките на Владата биле колективни и дека доколку се утврди вина „сите треба да одговараат“, отвора сериозни прашања. Дали ова претставува индиректно признавање на одговорност? Дали станува збор за обид за релативизирање на индивидуалната вина?

    Дали СДС застанува во одбрана на Артан Груби и дали раководството на партијата е подготвено да понесе колективна одговорност за одлуките донесени во време на нивното владеење?

    Јавноста има право да знае. Дали СДС го брани Груби во врска со наводите за штета од над 8 милиони евра врз државниот буџет?

    Дали поранешните функционери се подготвени да застанат пред органите на прогонот и да ја докажат својата невиност?

    Зошто по отворањето на случајот се менуваат ставовите и реториката?

    Очекуваме надлежните институции да постапуваат професионално, транспарентно и без селективност. Одговорност мора да има, без разлика на функција, партиска припадност или политичко влијание.

    Граѓаните заслужуваат правда, отчетност и целосна транспарентност.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација

    23.10.2026 во 11:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.