Close Menu
Press24
    Најново

    Руте следната недела во Скопје – Прва посета како генерален секретар на НАТО

    26.02.2026 во 11:14

    (ФОТО) Камионџија прегазил крава во Крива Паланка и побегнал, кравата починала

    26.02.2026 во 11:08

    Авионот на Вучиќ пречекан во воздушниот простор на Казахстан од три авиони „Сухој“

    26.02.2026 во 11:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Руте следната недела во Скопје – Прва посета како генерален секретар на НАТО
    • (ФОТО) Камионџија прегазил крава во Крива Паланка и побегнал, кравата починала
    • Авионот на Вучиќ пречекан во воздушниот простор на Казахстан од три авиони „Сухој“
    • Советот на јавните обвинители: Надзорот над Груби е во рацете на Повисокото јавно обвинителство
    • Македонија чекори кон зелена енергија со поддршка на ЕБОР
    • Три знаци ќе почувствуваат силна финансиска моќ почнувајќи од денес
    • ВРЕДИ: Кој од ДУИ му се заканува на Груби? – Паника да не прозбори „сенката на Ахмети”
    • Познат спортски бренд доби нов сопственик: Се затвораат дел од продавниците во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски на Конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

    Милошоски на Конференција на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

    26.02.2026 во 08:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Потпретседателот на Собрание на Република Северна Македонија, Антонијо Милошоски, денеска и утре ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти од Југоисточна Европа што ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Национално собрание на Унгарија.

    Како што информираат од Собранието, станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се одржува од 2004/2005 година и претставува важна платформа за политички дијалог и продлабочување на парламентарната соработка во регионот. Главниот акцент е ставен на регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици.

    Во рамки на агендата, на 27 февруари ќе се одржи 12-тото издание на Конференцијата, на кое ќе учествуваат претседатели на парламенти и шефови на делегации од земјите од Југоисточна Европа, како и од државите на Вишеградската група. Првата сесија ќе биде посветена на состојбата со проширувањето во регионот, а втората на економските инвестиции и енергетското поврзување – нивните предизвици и можности.

    Предвидени се обраќања на високи претставници од земјата домаќин, како и од претставници на Европската Унија и други меѓународни организации, по што ќе следуваат дискусии. Конференцијата ќе заврши со усвојување заедничка парламентарна декларација и одржување билатерални средби меѓу делегациите.

    Собранието редовно зема учество на овој форум, кој се смета за значаен инструмент за унапредување на парламентарната дипломатија и за зацврстување на европската перспектива на регионот.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Познато од што боледува министерот Дачиќ

    26.02.2026 во 09:14

    Вучиќ го принудил Дачиќ да оди во болница – бил шокиран кога видел како изгледа и тешко дишел

    26.02.2026 во 09:57

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.