Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставен суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 5-та седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки.

    Судиите ќе расправаат за повеќе иницијативи поврзани со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на пензиите се ограничува само на корисниците чии пензии се исплаќаат во државата.

    Подносителите на иницијативите, меѓу кои и граѓани што живеат во странство, како и Народен правобранител на Република Северна Македонија, тврдат дека ваквите одредби создаваат дискриминација врз основа на местото на исплата на пензијата и доведуваат до нееднаква положба меѓу пензионерите. Според нив, правото на пензија е стекнато врз основа на уплатените придонеси, а не врз основа на местото на живеење.

    Подносителот Игорчо Точев од Скопје нагласува дека одредбата предизвикува дискриминација бидејќи зголемувањето од 2.500 денари се исплаќа само на пензионерите што ја примаат пензијата во Македонија, а не и на оние што ја примаат во странство. Тој посочува дека ирелевантно е каде пензионерот ја прима пензијата, бидејќи се работи за право стекнато поради остварената старост.

    Љубомир Сандевски, со живеалиште во Словенија, тврди дека измените вршат дискриминација и финансиско оштетување на македонските државјани кои ја примаат пензијата надвор од државата, вклучително и усогласувањето од март 2025 година. Тој укажува дека Собранието незаконски ги донело измените, кои делат пензионери според местото на исплата, без да се земе предвид дека пензиите се стекнати врз основа на уплатените придонеси.

    Темелко Ристески од Скопје истакнува дека оспорените одредби создаваат нееднаквост меѓу пензионерите, иако сите имаат ист статус, и дека индиректно се ограничува слободата на движење на речиси 12.000 пензионери.

    Kире Батев, со живеалиште во СР Германија, смета дека законските измени дискриминираат пензионерите во странство, кои не добиваат линеарно усогласување, иако целиот свој работен век го оствариле во Македонија и редовно уплаќале социјално и пензиско осигурување.

    И Народниот правобранител поднел иницијатива откако добил барања од повеќе граѓани кои живеат надвор од земјата и се корисници на пензија од Република Северна Македонија. Тие укажуваат дека се изземени од исплатата на предвидените покачувања и се доведени во нееднаква положба со корисниците што живеат во државата.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.