Close Menu
Press24
    Најново

    ДУИ: Филков го изедначува албанскиот јазик со нула, Влен молчи

    25.02.2026 во 12:52

    Тошковски од Кисела Вода: Безбедноста на децата во сообраќајот е наш врвен приоритет

    25.02.2026 во 12:48

    Петрушевски: Дали СДС доброволно се пријавува да седне на обвинителна клупа заедно со Груби

    25.02.2026 во 12:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ДУИ: Филков го изедначува албанскиот јазик со нула, Влен молчи
    • Тошковски од Кисела Вода: Безбедноста на децата во сообраќајот е наш врвен приоритет
    • Петрушевски: Дали СДС доброволно се пријавува да седне на обвинителна клупа заедно со Груби
    • Трагедија во Турција: Се урна воен авион
    • Ана Костадиновска сведочеше за пеколот во „Пулс“: Се чувствуваше силен мирис, што нè тераше на спиење
    • Стојаноски: Платите на функционерите се намалуваат за над 10.000 денари
    • Пролет во зима: Еве што најавува УХМР до почетокот на следната недела
    • Важно исвестување за превозниците: Камионите наместо на Ќафасан, се пренасочуваат на Блато
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВРЕДИ: Додека Груби дома си гледа телевизија, ДУИ во паника

    ВРЕДИ: Додека Груби дома си гледа телевизија, ДУИ во паника

    25.02.2026 во 09:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Артан Груби е црната кутија на ДУИ. Не е обичен поранешен функционер во куќен притвор, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Ова го велат од партијата Влен во соопштение до јавноста.

    Артан е живата архива на една партиска шема што со години се штитела од јавноста. Кога црната кутија еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот. Куќниот притвор не е олеснување. Тоа е знак дека приказната влегува во фаза во која зборовите на ДУИ повеќе не важат, туку фактите. Институциите почнаа да ја копаат вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа парите. И токму затоа ДУИ денес е во паника, велат од Влен.

    Додаваат дека додека Артан Груби гледа телевизија дома, во ДУИ преовладува паничен напад од прв до последен.

    – Тие не се плашат од мерката, туку од тежината на она што Груби го носи со себе. Бидејќи тој беше таму каде што се решаваше сè. Таму каде што се договараа работите „под маса“. Таму каде што се кроеше моќта и се делеа интересите. Затоа стравот во Мала Речица не е случаен. Тоа е страв од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува. Кога ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги. И кога ќе стане јасно дека Груби не е само товар за ДУИ, туку потенцијална искра што може да ја запали целата нивна конструкција. Ова не е крај. Ова е почеток на процес што може темелно да ја разниша конструкцијата изградена околу Али Ахмети, завршуваат од партијата.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Германија со итно предупредување: Подгответе залихи со храна

    25.02.2026 во 11:11

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени

    25.02.2026 во 09:20

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.