Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Владата не прави ништо додека цените на храната скокаат

    04.04.2026 во 11:22

    ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието

    04.04.2026 во 11:20

    “Артемис II” на половина пат до Месечината – историски момент

    04.04.2026 во 11:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Владата не прави ништо додека цените на храната скокаат
    • ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието
    • “Артемис II” на половина пат до Месечината – историски момент
    • Голема романса за три знаци
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството

    Петрушевски: Го разбирам револтот на јавноста откако Груби доби куќен притвор, но тоа е одлука на Обвинителството

    24.02.2026 во 20:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот Бране Петрушевски, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија се осврна на одредената мерка куќен притвор за Артан Груби, и нагласи дека не станува збор за преземено судство или пак договор, како што инсинуира опозициската партија СДС, туку дека истата мерка е одлука на обвинителството.

    „Јас го разбирам и револтот на јавноста и ова коешто се говори по однос на изнесената мерка куќен притвор за Артан Груби. Меѓутоа таа мерка не ја носи Владата, ја носи Јавното обвинителство, по предлог на Јавното обвинителство ја носи судската власт. Со член 98 од Уставот, судската власт е независна“, дециден е Петрушевски.

    Тој додаде дека обвинителтвото е со два посто доверба за кое СДС се бореше да не биде сменето, притоа посочи дека за претходното седумгодишно владеење на СДС граѓаните им станало нормално да гледаат како министри нарачуваат обвиненија, за разлика од денес кога Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Артан Груби, Перпарим Бајрами, а во истата кривична пријава е и поранешниот премиер и претседател на СДС, Ковачевски, потенцирајќи дека можеби оттука им е и стравот и паниката на СДС.

    „Јас разбирам дека граѓаните веќе им станало нормално после претходното седумгодишно владеење на СДС да се шетаат министри во канцелариите на јавните обвинители, да нарачуваат обвиненија. Така што ова е истото тоа судство и обвинителство коешто има 2 проценти рејтинг против коешто јас секојдневно држам прес-конференции, коешто е под контрола на СДС и ДУИ и нивните луѓе коишто ги носеа. Кога ние излеговме и баравме комплетна смена на судскиот и обвинителскиот совет да ги разрешиме затоа што го доведоа судството до два проценти за да можеме да го ставиме на здрави нозе, токму СДС беше политичката партија којашто беше против тоа“, заклучува Петрушевски.

    Популарно

    СДСМ: Владата не прави ништо додека цените на храната скокаат

    04.04.2026 во 11:22

    ЛДП: Државниот јавен обвинител да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието

    04.04.2026 во 11:20

    “Артемис II” на половина пат до Месечината – историски момент

    04.04.2026 во 11:15

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.