Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја стресе Македонија

    03.04.2026 во 18:57

    Какви се личностите родени во април?

    03.04.2026 во 18:48

    Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината

    03.04.2026 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Какви се личностите родени во април?
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи
    • Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
    • МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното
    • Скандал со храна во соседството: Бугарија уништува над 800 килограми путер
    • Приведени пет лица – полицијата ги фати со дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Перински: Обезбедени над 223 милиони денари за развој на општините, аплицирајте со квалитетни проекти

    Перински: Обезбедени над 223 милиони денари за развој на општините, аплицирајте со квалитетни проекти

    24.02.2026 во 12:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес ја посети Општина Куманово, при што оствари работна средба со градоначалникот Максим Димитриевски и членовите на Советот.

    На средбата се разговараше за повеќе прашања од значење за граѓаните и за понатамошниот развој на општината, со посебен акцент на конкретни решенија, подобра координација и поефикасно искористување на расположливите механизми за поддршка.

    Министерот Перински ги информираше присутните и за динамиката на активностите на Министерството во наредниот период, при што беше нагласен јасниот фокус на институцијата – зајакнување на локалните капацитети, поддршка на развојни проекти, создавање на услови за поттикнување на меѓуопштинска соработка и подобрување на услугите за граѓаните.

    Во рамки на посетата беше посочено дека од минатата недела се активни двата јавни повика на министерството, наменети за проекти што придонесуваат кон рамномерниот регионален развој — преку Програмата за намалување на диспаритетите и Програмата за рамномерен регионален развој. За оваа намена се издвоени вкупно 223.423.000 денари. „Ги охрабрувам сите општини активно да ги искористат овие повици и да аплицираат со квалитетни предлог-проекти“, порача Перински.

    При посета на општината се изврши и увид во проектот „Урбано зеленило за здраво дишење“, кој се реализира во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 1: Позелен пограничен регион.

    Проектот е насочен кон унапредување на квалитетот на животот и здравјето на граѓаните во прекуграничниот регион Ќустендил – Куманово преку развој на зелена инфраструктура.

    „ Да ги зголемиме зелените површини во градов, со цел почиста животна средина, со акцент на подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, со примена на една од долгорочните мерки за намалување на загадувањето, а тоа е оззеленување и пошумување со квалитетни садници.“, нагласи градоначалникот Димитриевски.

    Вкупната вредност на проектот за Куманово изнесува 343.090 евра, од кои 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа. Проектот опфаќа засадување на 510 дрвја и уредување на мали урбани градини на три кружни текови како и активности насочени кон подготовка на стратешки и „меки“ мерки за развој на зелената инфраструктура и зајакнување на капацитетите на партнерите.

    „Министерството за локална самоуправа и натаму останува посветено на поддршка на општините преку развојни, еколошки и инфраструктурни проекти што носат видливи придобивки за граѓаните“, нагласи министерот.

    Популарно

    Земјотрес ја стресе Македонија

    03.04.2026 во 18:57

    Какви се личностите родени во април?

    03.04.2026 во 18:48

    Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината

    03.04.2026 во 18:31

    Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

    03.04.2026 во 18:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.