Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Посредувале во вршење проституција: Приведени две лица
    • Рубио: Трамп и Зеленски ќе разговараат за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура
    • Сали на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации
    • Трамп најави крај на војните во Иран и Украина
    • Пожар во скопска Железара
    • ВИДЕО: Прв снег на Копаоник
    • Спречен крвав масакр во Полска: Уапсен 17-годишен тинејџер кој планирал напади врз училиште и џамија
    • Додик: Следната фаза е „подигнување на самостојноста и автономијата“ на Република Српска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин повикува на жртва, Медведев се појави во униформа – Дали Русите се подготвуваат за мобилизација

    Путин повикува на жртва, Медведев се појави во униформа – Дали Русите се подготвуваат за мобилизација

    24.02.2026 во 10:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин го искористи прославувањето на Денот на бранителот на татковината на 23 февруари за да испрати пораки што аналитичарите ги толкуваат како подготовка на руското општество за можна нова фаза на мобилизација.

    Во своето обраќање, тој рече дека руските војници што учествуваат во војната во Украина носат „огромна одговорност за рускиот народ и заедничката кауза на Русија“, нагласувајќи ја колективната обврска и жртвата.

    Според аналитичарите на Институтот за проучување на војната (ISW), ваквите изјави укажуваат дека Кремљ наводно постепено го подготвува населението за можна ограничена, фазна регрутација, која треба да ги задоволи потребите на руската армија на фронтот.

    Тие веруваат дека нагласувањето на „одговорноста“ е обид однапред да се ублажи секоја можна негативна реакција на јавноста на новите повици на резервисти. Постојаното инсистирање на Путин на жртвување и должност, според ISW, служи за нормализирање на идејата дека војната бара сè поголеми општествени ресурси, вклучително и работна сила.

    Дали Русите се подготвуваат за мобилизација?

    Аналитичарите истакнуваат дека Кремљ со овој наратив се обидува да изгради чувство на граѓанска должност кај граѓаните со цел да го намали потенцијалниот отпор кон мерките за присилна мобилизација. Според нивната проценка, Кремљ е свесен за постојното незадоволство во општеството и се обидува на секој можен начин однапред да обезбеди поголема поддршка од населението пред евентуалното проширување на регрутацијата.

    Слични пораки испрати и заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, кој одржа говор пред руските војници на 23 февруари. Медведев се појави во воена униформа, иако формално не е активно воено лице, што беше оценето како симболична поддршка за воените напори.

    Тој рече дека на Русија „ѝ е потребна победа, но цената на победата е важна“, а потоа ги повика војниците да се грижат за себе и за своите семејства.

    Според ISW, оваа изјава е индиректно признание за високите загуби и општествените трошоци од војната, како и сигнал дека руското раководство не очекува значителни промени во тактиките што би го намалиле бројот на жртви.

    Аналитичарите заклучуваат дека говорот на Медведев има за цел да всади кај руското население свест за неизбежноста на загубите и потребата од дополнителни жртви.

    Според военото разузнавање и независните набљудувачи, Украина во моментов има помал број војници во споредба со руските сили. Им е потребна повеќе пешадија и оружје за да ги постигнат своите воени цели.

    Од друга страна, западните претставници проценуваат дека Украина би можела да издржи барем уште една година војна со сегашното темпо на загуби.

    Британскиот новинар Доминик Лосон процени дека за повеќето Украинци војната нема да заврши во 2026 година.

    Тој ги нарече мировните преговори во кои учествуваа украински, руски и американски делегации „театар“, сугерирајќи дека сегашните дипломатски процеси немаат реални изгледи за брзо постигнување мир.

    Прочитај повеќе

    Рубио: Трамп и Зеленски ќе разговараат за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура

    22.09.2026 во 18:30

    Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

    22.09.2026 во 18:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.