Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Артан Груби е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата која што седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт

    Манасиевски: Артан Груби е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата која што седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт

    23.02.2026 во 20:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е притворен утрово на граничниот премин, тука во Македонија. Она за што се товари и осомничи Артан Груби како тогашен прв вицепремиер е олицетворение, односно симбол на криминалот и корупцијата којашто седум години владееше кога беа СДС и ДУИ на власт. Тоа е само еден доказ дека кога говориме за СДС и ДУИ и нивното владеење, тоа е синоним за криминал и корупција“, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.

    Манасиевски се осврна на денешното приведување на Артан Груби и нагласи дека конечно правдата ќе биде задоволена. Тој додаде дека во СДС владее фрустрација зошто Артан Груби е уапсен затоа што се свесни што може да сведочи во овој судски случај.

    „Фрустрацијата во СДС владее затоа што се свесни што може Артан Груби да сведочи во овој судски случај, а и во некои други. Така што сметам дека од таму доаѓа нивната нервоза и од таму сакаат да направат некаков дефокус како што прават изминативе година дена откако Венко Филипче е претседател на таа партија и нивниот ПР. Така што ова е уште една лага на СДС која се растура како меур од сапуница“, дециден е Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.