Close Menu
Press24
    Најново

    Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била гостопримлива за лице кое е на црна листа на САД

    23.02.2026 во 20:14

    Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ

    23.02.2026 во 20:03

    Утре сонце, ама вечерта очекувајте пресврт

    23.02.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била гостопримлива за лице кое е на црна листа на САД
    • Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ
    • Утре сонце, ама вечерта очекувајте пресврт
    • ВИДЕО: Зошто се вративте г-дине Груби?
    • ФОТОВЕСТ: Возете внимателно, одрон на патот Скопје-Велес
    • 9 повредени во карамбол на патот Штип-Скопје
    • Калајџиев за „Сејф Сити“: Шансата да прегазам некого сега кога зјапам во брзинометарот се поголеми од порано
    • Заврши распитот на Груби во Обвинителство – вечерва ќе биде изведен пред судија
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била гостопримлива за лице кое е на црна листа на САД

    Милошоски: Груби проценил дека нема да има промени во власта во земјава, а и ниедна земја не би била гостопримлива за лице кое е на црна листа на САД

    23.02.2026 во 20:14
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше  меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја проценил ситуацијата дека нема да има промени во власта во земјава. Како што вели тој, станува збор за функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.

    ,,Политички ако се разгледа самото негово однесување, па и ако се поврзе со однесувањето на ДУИ во изминатиот период. Веројатно во изминативе 12  или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени во однос на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после поразот нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски.

    Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку како што вели тој, се работи за функционер којшто се најде на црната листа на САД.

     ,,Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.

    Милошоски порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе започне или заврши процесот. Тој вели дека немало никаква информација во однос на предавањето на Артан Груби.

    ,,Во Собранието не сме имале таква информација, но политичките проценки што сме ги имале вака како владеачко мнозинство, особено после изборите и во Косово информирањето таму на една постабилна влада со која што господинот Груби, можам  да кажам ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или покасно ќе се појави пред органите на прогонот“, заклучи Милошоски.

    Популарно

    Падна договор меѓу Владата и угостителите: Нови правила за пушење во кафеаните – eве каде ќе смее да се пуши

    23.02.2026 во 16:52

    Нови детали: Осум возила се искршиле на патот Штип–Скопје

    23.02.2026 во 11:46

    Нема веќе бесплатно разгледување: Продавниците почнаа да наплаќаат „влезница“ – ако не купите ништо, плаќате 25 евра

    20.02.2026 во 21:00

    (ФОТО) Уапсен Артан Груби

    23.02.2026 во 08:03

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.