Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Кисела Вода: Нови можности за локалниот бизнис

    Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Кисела Вода: Нови можности за локалниот бизнис

    23.02.2026 во 17:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со Самуил Наумовски Викиус, извршен директор на Шведско-македонската стопанска комора. Оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври 2025 год., наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на територијата на општина Кисела Вода.

    Зад комората стојат 35 етаблирани шведски компании кои имаат јасна визија и желба да бидат економски мост помеѓу Шведска и Македонија. Токму овој економски мост е клучниот столб околу кој ќе се развива идната соработка со домашната бизнис заедница. Оваа средба претставува прв чекор кон реализација на заедничките цели за поддршка на стопанството и отворање нови пазари за локалните компании.

    Ваквите активности се во директна корелација со програмата на градоначалничката Стаменкоска Трајкоска во делот за Локална стратегија за економски силна општина. Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

    -Оваа иницијална средба го потврдува нашиот фокус кон економскиот развој и градењето стабилни партнерства. Фактот што Шведско-македонската стопанска комора ја отвора својата канцеларија токму кај нас, во Кисела Вода, потврдува дека како општина создаваме услови кои се препознаени од меѓународната бизнис заедница. Нашата намера е да бидеме активна поддршка на овој економски мост што се гради меѓу шведските компании и македонското стопанство. Преку мерките за модернизација и поддршка на малите и средни претпријатија кои се дел од нашата стратегија, обезбедуваме основа за нови инвестиции и долгорочен економски раст. Кисела Вода продолжува да се позиционира како општина која активно ги поддржува деловните иницијативи и гради стабилна основа за просперитет на сите граѓани-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Прочитај повеќе

    За првпат досега: Лаптопи за најдобрите средношколци на манифестацијата „Првенец на генерација“

    09.06.2026 во 20:39

    Обезбедени 50 милиони денари: Во Аеродром ќе се гради нова противпожарна станица

    09.06.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.