Close Menu
Press24
    Најново

    Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет

    23.02.2026 во 15:55

    Цеца нема да присуствува на годишнината од смртта на Саша Поповиќ – позната причината

    23.02.2026 во 15:51

    Пет хороскопски знаци кои никогаш не велат „не“

    23.02.2026 во 15:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет
    • Цеца нема да присуствува на годишнината од смртта на Саша Поповиќ – позната причината
    • Пет хороскопски знаци кои никогаш не велат „не“
    • УХМР со најнова прогноза: Еве какво време не очекува до крајот на неделата
    • Загрижен татко од Скопје се јавил во полиција: Мојот син е нападнат од група малолетници
    • Приведен камионџија на Деве Баир: Приложил фалсификувани документи
    • Кривична за концесионери од Македонски Брод – Украле дрва вредни над 2 милиони денари
    • Апсење на повеќе локации во Скопје: Приведени осум лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет

    Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет

    23.02.2026 во 15:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување.

    Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, со осврт на доставените мислења и препораки од СИГМА, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и Законот за Влада. 

    На средбата беа разменети ставови околу потребата од јасна, предвидлива и долгорочно одржлива нормативна рамка што ќе обезбеди професионализација, стабилност и институционална одговорност.

    Посебен акцент беше ставен на јакнењето на мерит-системот, транспарентноста и отчетноста во институциите, како и на значењето на експертската поддршка во процесот на креирање квалитетни законски решенија.

    Министерот Минчев ја нагласи определбата за континуиран и конструктивен дијалог со Европската Унија во насока на продлабочување на реформите.

    „Остануваме доследни во нашата заложба за создавање професионална и ефикасна администрација, целосно департизирана и темелена врз јасни правила, стручност и одговорност. Поддршката и експертските ставови од Европската Унија претставуваат значаен чекор кон креирање решенија што ќе обезбедат долгорочна одржливост и зголемена доверба во институциите“ нагласи министерот Минчев.

    Популарно

    Нови детали: Осум возила се искршиле на патот Штип–Скопје

    23.02.2026 во 11:46

    Нема веќе бесплатно разгледување: Продавниците почнаа да наплаќаат „влезница“ – ако не купите ништо, плаќате 25 евра

    20.02.2026 во 21:00

    (ФОТО) Уапсен Артан Груби

    23.02.2026 во 08:03

    Среде зима до 25 степени: Топлотен бран во Европа

    23.02.2026 во 11:32

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.