Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бора Чорба и Балашевиќ 40 години не зборуваа поради една жена – Која е”Лутка са насловне стране”?

    Бора Чорба и Балашевиќ 40 години не зборуваа поради една жена – Која е”Лутка са насловне стране”?

    23.02.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 19 февруари 2021 година, пред пет години, почина еден од најголемите текстописци и изведувачи на Балканот – Ѓорѓе Балашевиќ.


    Малкумина денес се сеќаваат дека својата кариера ја започна во групата Рани Мраз, каде што настапуваше заедно со Бора Чорба. Иако биле добри пријатели, токму една песна подоцна станала причина за раздор меѓу нив.


    Станува збор за хитот „Лутка са насловне стране“, кој подоцна стана еден од најпознатите на бендот Рибља Чорба. Според приказните, Бора сакал песната да биде објавена, додека Балашевиќ не се согласувал со тоа. Несогласувањето довело до прекин на соработката и заминување на Балашевиќ од групата.


    По разделбата, Бора ја формирал „Рибља Чорба“, а низ годините двајцата музичари често знаеле јавно да се прозиваат. Се чинеше дека „воените секири“ никогаш не беа целосно закопани.


    – Има еден автор, приватно не го ценам многу, но не можам да кажам дека не е голем талент. Не само талент, туку сјаен автор. Може да ме изненади со рима, еден од ретките. Зборувам за Балашевиќ – изјави во една прилика Бора.


    Од друга страна, Балашевиќ речиси никогаш јавно не го коментираше раздорот и несогласувањата со поранешниот соработник.


    Песната „Лутка са насловне стране“ со години предизвикуваше интерес во јавноста, а главното прашање беше – која е жената за која се пее и зошто Балашевиќ не сакал таа да биде објавена.


    Се шпекулираше дека песната е посветена на Мери Цакиќ, која се појавува и во спотот, но Бора во една прилика ја демантираше таа верзија.


    – Ниеден одговор не е точен. Мери не беше „куклата“. Станува збор за повеќе личности споени во една, со слични животни приказни. Една од нив снимаше филмови за возрасни во Италија, а кај нас се претставуваше како сериозна актерка. Друга гола свиреше на виолина пред цело друштво… Многу такви приказни има, многумина се препознаа – изјави Бора.


    Инаку, Бора Чорба почина на 71-годишна возраст, на 4 септември 2024 година, во болница во Љубљана.

    Прочитај повеќе

    Во среда е голем христијански празник – Според народните верувања, од овој ден исчезнува жешкото време

    17.08.2026 во 10:17

    Ова се двата најчувствителни знака во Зодијакот: Сè доживуваат подлабоко од другите

    14.08.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.