Време е да се укине луксузот на власта а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме, парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, мебел, уредување кабинети, коли, нека направат ребаланс на Буџетот и да ги пренаменат парите за плати, изјави денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Тешкото секојдневие, високите сметки и цените на храната ги доведоа работницичките семејства на работ, тие не можат да врзат крај со крај.
Над 200 илјадници работници имаат плати под 30.000 денари а синдикалната месечна кочнишка е веќе 66 иллјади денари.
Не стигаат платите за ништо, со минимална плата не можат да ги покријат основните трошоци, а нивниот труд останува потценет.
Со носење на „економски работници“ цената на трудот владата дополнително ја намалува.
Затоа работниците се приморани да протестираат на улиците. За достоинствени плати, за достоинвен живот, за корка леб.
Додека Мицкоски се луксузузира на сметка на народот и си оди на море со владиниот авион, со часовници од 60 илјади евра.
Уште им порачува на работниците дека платите им се добри, затоа што смета дека толку и работат.
Доста е луксуз на грбот на народот, доста е расфрлање со милиони, авиони, мали или големи.
Законот за минимална плата, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата е дневен ред во Собранието.
Прифатете го. Направете ребаланс, парите за нов авион пренаменете ги за поголеми плати.
Без изговори. Без калкулации. Работниците да добијат плати какви што заслужуваат, изјави Кузеска.

